Марко Рубио во преден план за државен секретар на САД


Марко Рубио

 

Доналд Трамп посочи дека неговиот тим за национална безбедност ќе има задача да го преиспита ставот на Соединетите Држави кон Украина и Русија, Кина, Иран и конфликтот што врие на Блискиот Исток. Дебатата за обновената агенда на Трамп „Америка на прво место“ се очекува да ги спротивстави републиканските јастреби за национална безбедност против изолационистичкото крило на партијата.

Државниот секретар и советникот за национална безбедност ќе бидат меѓу најтешките позиции што треба да бидат поставени.

За Стејт департментот има тројца главни кандидати, од кои Си-Ен-Ен наведува дека сенаторот од Флорида, Марко Рубио, можеби има најголеми шанси. Рубио беше на листата за потпретседателски кандидат и влезе во финалето на изборот, пред Трамп да се одлучи за Џи Деј Венс. Рубио е познат како како кинески јастреб.

По победата на Трамп Рубио имаше изјава за надворешната политика:

„Сега сме во ера на глобални работи каде одговорната американска надворешна политика мора да се заснова не на идеалистички фантазии, туку на прагматични одлуки кои даваат приоритет на суштинскиот национален интерес на Соединетите Држави пред сѐ друго“.

Потоа се споменува сенаторот од Тенеси, Бил Хегерти, кој беше амбасадор на Трамп во Јапонија за време на неговиот прв мандат.

Ричард Гренел, голем лојалист на Трамп и поранешен амбасадор во Германија, исто така се разгледува за оваа позицијата, иако тој може да заврши на голем број потенцијални места. Гренел беше вршител на должноста директор за национално разузнавање на Трамп неколку месеци во 2020 година, а исто така би можел да биде предложен за улога како директор на Централната разузнавачка агенција, каде што може да биде повикан од Трамп да ја откопа таканаречената „длабока држава“.

„Њујорк тајмс“ објави дека Гренел сака да биде државен секретар на Трамп од денот на изборите во 2020 година. Но тој се разгледува и како советник за национална безбедност.

Комгресменката Елиза Стефаник, републиканката од Њујорк, која е претседавач со Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, силно се смета за амбасадор на Обединетите нации и беше спомната за ЦИА.