Мариупол уште не паднал, тврди британското разузнување
Тешките борби и руските воздушни напади продолжија врз пристанишниот град Мариупол, според најновото разузнавање од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Британското разузнавање соопшти дека хуманитарната ситуација во градот „се влошува“.
„Повеќето од 160.000 жители на градот немаат светлина, комуникација, лекови, топлина или вода. Руските сили го оневозможија пристапот до хуманитарна помош, најверојатно ќе ги притиснат бранителите да се предадат“, се вели во најновото соопштение.
Мариупол е опколен од руските сили од почетокот на март. Украинската армија претходно денеска соопшти дека нејзините војници ги одбиваат нападите врз градот повеќе од 40 дена.
Минатата недела, Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека е принуден да го одложи обидот за евакуација на цивили од опколениот град, откако условите го оневозможија продолжувањето.
Животот за цивилите во Мариупол е мрачен. Бескрајните бомбардирања оставија широко распространето уништување, а заменик-градоначалникот на градот вели дека луѓето умираат од глад и дехидрација.
Руските сили напредуваат понатаму во центарот на градот, но украинските сили сè уште имаат контрола врз некои области.