Макрон повторно нападнат физички, овојпат со јајце во глава (Видео)
Францускиот претседател Емануел Макрон беше погоден со јајце во главата за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели во Лион. Јајацето не се скрши, туку се одби од неговата глава, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата!“.
Веднаш по инцидентот тој бил совладан од обезбедувањето.