Макрон: Ова суштински ја менува војната


Францускиот претседател Емануел Макрон, реагирајќи на денешниот масовен ракетен напад врз украинските градови, ги осуди „намерните и насочени напади врз цивили“.

„Ова претставува суштинска промена во природата на оваа војна“, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на францускиот регион Мајен.

Макрон додаде дека веднаш по неговото враќање во Париз, ќе се сретне со неговите воени и дипломатски советници и ќе разговара за рускиот ракетен напад врз Украина, во кој загинаа најмалку 11 цивили, а повеќе од 60 беа ранети.