Македонските ракометари во група со Португалија во квалификациите за ЕП 2024


Европската ракометна федерација (ЕХФ) вечерва со жрепка во Берлин ги одреди квалификациските групи за пласман на континенталниот собир 2024 година.

Македонските ракометари ќе играат во групата 1 против Португалија, Турција и Луксембург.

Квалификациите почнуваат во октомври, а Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.

Пласман во завршницата ќе обезбедат двете првопласирани, како и четири најдобро третопласирани репрезентации во осумте квалификациски групи:

Состав на групите:

Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург.

Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.

Група 3: Исланд, Чешка, Израел, Естонија.

Група 4: Австрија, Украина, Романија, Фарски Острови.

Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.

Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.

Група 7: Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово.

Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.