Македонските фудбалери ќе имаат поддршка од македонски навивачи во Копенхаген


Копенхаген – Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Паркен стадионот во Копенхаген играат бараж дуел со Данска за настап на Светското првенство 2026. Како и на сите гостувања така и на ова македонските фудбалери ќе ја имаат поддршката од македонските фанови, кои веќе се во главниот град на Данска.

За таа цел организиран е и фан зона за македонските навивачи, од каде заеднички сите ќе се упатат кон стадионот. Бројката на македонски навивачи се очекува да биде околу 1.000, кои се очекува да дадат голема поддршка за македонската репрезентација.

Македонските навивачи во Копенхаген ги има и од поголемиот дел од државите Европа, а за нив има два сектора од стадионот.