Вера Мештеровиќ ќе го води изборот на Мис на Македонија за Мис Универзум во НОБ


Македонија годинава ќе учествува во престижниот избор за Мис Универзум, со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник за глобалното натпреварување. Настанот ќе се одржи на 8 октомври во салата на Националната Опера и Балет (НОБ) , а победничката ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико, ни потврди организаторот, Шакир Села, од Даман менаџмент од Истанбул, Турција, која ја поседува лиценцата за Македонија, и го организира турскиот избор за Мис Универзум. 

Водителка на гала настанот ќе биде познатото Тв лице Вера Мештеровиќ, мис на Македонија за 1996 година. 

Право на учество на изборот за Miss Universe имаат сите државјанки на Северна Македонија кои живеат во државата и кои наполниле 18 години до 1 јануари во годината. Пријавувањата се веќе достапни на официјалниот веб сајт www.missnorthmacedonia.com.

Македонија од 2015 нема македонска претставничка на „Мис на светот“, најмногу поради немање финансии, а за изборот Мис Универзум нема валидни податоци.