Мајка тужи и бара 100 милиони долари оти детето ѝ се смрзна во Тексас


Мајката на 11-годишното момче кое се смрзна поради немањето струја во нивната мобилна куќа во поларниот бран што го погоди Текасас ја тужи државата барајќи 100 милиони долари отштета од двете големи енерфетски фирми поради небрежност.

Марија Пинеда рекла дека Electric Reliability Council of Texas (ERCOT) и Entergy Corp се одговорни за смртта на нејзиниот син Кристијано кој е пронајден мртов на 16 февруари во креветот кој го делел со неговиот тригодишен брат.

Повеќе од 4 милиони луѓе во Тексас останаа без струја и најмалку 20 луѓе починаа кога поларните температури минатата недела ја погодија оваа сојузна американска држава.

Тужбата е поднесена во саботата, а со неа се товарат фирмите дека се оглушиле на повиците на регулаторот за енергетика кој издал посебни препораки по ледениот бран во 2011 година да се подготват за зимски услови.

Кристијано се смрзнал и умрел „затоа што електромрежата не била приоритет и добавувачот на топлинска енергија се воделе исклучително од профит“ стои во тужбата поднесена во окружниот суд во Џеферсон.

Со години не се зложува во дотраената енергетска мрежа која во вонредни временски услови откажа поради преоптоварување и милиони останаа без струја.

ERCOT, кој добавува речиси 90 отсто од струјата за Тексас, во понеделникот не бил достапен за коментар, пишува Ројтерс.

Енерџи одби да ја коментира тужбата, но портпаролот вели: „Длабоко сме ожалостени поради губитокот на живот во нашата заедница“.

Адвокатот на Марија Пинеде, која живее во Конро, предградие на Хјустон, застапува седум семејства кои изгубиле некој близок во студениот бран.

Се очекуваат нови тужби против добавувачот на струја.

Тексас има дерегулиран енергетски пазар кој делува независно од сојузниот регулатор.