Мафијата како инспирација за сѐ во Киев
Освен војната, Украинците имаат и друга преокупација – пресметката со корупцијата. Тоа е толку популарна тема што зборот „мафија“ стана бренд за ресторани, кафетерии, па дури и за цвеќарници.
Во Киев една од најпосетените знаменитости всушност е палата на избеганиот поранешен претседател Виктор Јанукович, од која занемеа сите во Украина кога демонстрантите упаднаа по насилните протести во 2014 година, што беше повод и за руската окупација која трае до денес на дел од територијата, бидејќи ги повика корумпираниот лидер.
Во неа има позлатени клозетски шолји, внатрешна црква, покрај разни простории за спорт и разонода, прескапи лустери, намештај и слично. Сега таа е претворена во Музеј на корупцијата.