Лидерот на малцинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, дециден: Трамп не доби ништо од Путин

Лидерот на демократското малцинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, остро ја критикуваше средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавува ДПА.
„Доналд Трамп денеска го простре црвениот тепих за авторитарниот гангстер Владимир Путин. Наместо да застане со Украина и нашите сојузници, Трамп застана рамо до рамо со автократ кој со години го тероризира украинскиот народ и светот“, рече Шумер во соопштение, пренесено од германската агенција.
Иако деталите за содржината на разговорот меѓу Трамп и Путин сè уште се чекаат, „на прв поглед се чини дека Трамп му дал на Путин легитимитет, глобална сцена, нулта одговорност и не доби ништо за возврат“, рече Шумер.
Шумер додаде дека стравува „дека ова не беше дипломатија, туку беше само театар“, пренесува ДПА.