Лидерот на Хезболах на средби со претставници на Хамас и Исламски џихад за Газа
Хасан Насралах, лидерот на Хезболах, милитантна исламистичка организација која дејствува во Либан, во Бејрут се сретна со највисоките претставници на Хамас и на палестинскиот Исламски џихад.
Насралах се сретнал со заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури и со лидерот на Исламскиот џихад, Зијад Нахалех, пишува Тајмс оф Израел.
Како што објавија медиумите под контрола на Хезболах, Насралах и палестинските милитантни водачи оцениле какви чекори мора да преземе „оската на отпорот“ за да се „постигне вистинска победа“ во Газа.
Палестинскиот Исламски џихад е втората по големина милитантна организација во Газа по Хамас.