Лепињи од три состојки без брашно (Видео)
Вкусот е подобар од купените во продавница, а готови се за само 5 минути!
Состојки:
180 гр млеко во прав,
1 лажичка прашок за пециво,
5 средни јајца.
Подготовка:
Измешајте ги млекото во прав, прашокот за пециво и јајцата. Убаво изматете со миксер, па истурете во кеса за пециво или кесичка за замрзнување.
Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, истиснете ја смесата во облик на јајце. Се пече на 180 степени околу 10 минути.