Лазаров одлучи со кои ракометари ќе отпатува за Злин


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Злин на првиот бараж-дуел со Чешка за пласман на Светското првенство 2023.

Од 23 ракометари кои се подготвуваа, петмина остануваат во Скопје да ја чекаат следната шанса.

Во Злин ќе патуваат:
голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски
крила: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски
бекови: Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Марко Митев,    Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески
пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов
дефанзивци:Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.

Натпреварот во Злин е закажан за утре во 20:15 часот.