Куманово склучи договори за 20 проекти, мостот кај Довезенце ќе почека


Куманово доби 815 милиони денари за 26 проекти, од вториот владини повик за инфраструктурно уредување. Општината склучи договори за 20 проекти, информираа од секторот за комунални дејности од Општина Куманово. За да се вметнат проектите во развојната програма на општината, советниците изгласаа измена и дополнување на развојната програма и ребаланс на буџетот за 2025 година.

– Тие средства се обезбедени за општина Куманово согласно бројот на жители. На Куманово му следуваат околу 815 милиони денари. Повикот од Владата беше објавен во февруари, аплициравме за 26 инфраструктурни објекти. Владата и градоначалникот склучија 20 договори коишто импутираат околу 400 милиони денари средства и се вметнати во овие две програми, рече раководителката на секторот, Лидија ЛангСпасовска.

До крајот на годинава ќе бидат реализирани 90 милиони денари, останатите средства во 2026-та, поради краткиот период, на распишување на повиците и избор на компании за реализација.

Куманово со овие пари ќе ги реконструираат повеќе улици во неколку населби, „Иго Тричковиќ“, „Перо Чичо“, „Тоде Мендол“, „Зелен Рид“, …, ќе се гради локален пат од Куманово кон Пчиња. Реконструкција на водоводната мрежа ќе има на ул. „11 Октомври“ од „Гоце Делчев“ до 4 јули, реконструкција на фекална канализација на ул. „11 Октомври“ од „Гоце Делчев до „Сава Ковачевиќ“. Гасоводна мрежа ќе се прошири кон „11 Ноември до ООУ „Толи Зордумис“, на другиот дел од Куманово од улицата „АВНОЈ“ со „Видое Смилевски-Бато“, Тесла“, улица „Драган Стопаревиќ“, „Горно Милановачка“ и „Вараждинска“, дел во центарот на Куманово од „Народна Револуција“, „Доне Божинов“ и до населбата Карпош улицата „Тоде Думба“, улица „Никола Тесла“. Средства се предвидени и за партерно уредување, изведба на систем за ладење и греење, електрика и фотоволтаици во спортската сала.

Општина Куманово треба да ги докомплетира документите за шест проекти, изградба на детска градинка, реконструкција на дел од Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово, изградба на мост во село Довезенце, реконструкција на градска капел и за реконструкција на „Вера Которка“ во село Клечовце и реконструкција на ООУ „Кочо Рацин“.

Опозицијата ги поддржа измените, но реагираше за изборот на проекти, фаворизирање на приградските населби во однос на урбаните средини, но и за некомплетната документација.

Мостот на Крива Река кај Довезенце пропаѓа, општината планира изградба на нов