Крушево домаќин на два Светски купа во параглајдинг


Во Крушево денес започнува ново меѓународно параглајдинг првенство, а натпреварите продолжуваат во текот на целиот летен период.

Организатор на натпреварувањето е парглајдинг клубот „Делта“ во соработка со Воздухопловната федерација на Македонија, а со поддршка на општина Крушево. Во склоп на Светскиот куп Флајмастер опен, се одржува и државно натпреварување.

Веќе од 14-ти јули следува меѓународен натпревар од највисока категорија – „Светски куп Крушево 2022“.

Параглајдеристите доаѓаат во Крушево уште од месец мај, а првите официјални натпревари, како Нордик опен, веќе се одржаа. Следната година Крушево ќе биде домаќин на Светско првенство во змајарство.