Крстевски објави фотографии за состојбата околу болницата во Кочани
Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави фотографии за состојбата околу болницата каде што се лечат многу од настраданите во поѓарот во дискотеката „Пулс“.
-Деновиве имав средба со директорката на кочанската болница доктор Кристина Серафимова. Со неа се договоривме да направиме акција за болницата во Кочани како што заслужуваат повредените и сите граѓани! Општина Кочани и КЈП Водовод со сите свои капацитети во вторник (03.6.2025) ќе се стават на располагање заедно за почиста и поубава болница!

Косење и метење за чиста околина, кастрење за уреден изглед, крпење на дупки за безбедност и осветлување за подобра видливост, отстранување на хаварисани возила. Сите сме дел од решението за европско Кочани “, напиша Крстевски.
Иако овие проблеми не се приоритет за болните, на се жалат на несоодветни услови за преврски и лечење и недостиг на соодветен персонал, ова е нешто што можат сами да сменат во Кочани.
