Криминални групи во Албанија, на Тик-ток продаваат потврди за вакцинација


 

Криминални групи во Албанија ја користат пандемијата од Ковид-19 за парична добивка.

Почнувајќи од фалсификувани ковид-тестови или наоѓање начини да се корумпираат одредени лекари, за да добијат сертификати за вакцинација.

Во рубриката „Ти пријави“ на Топ ченел, стигна пријава за страница на социјалната мрежа Тик-ток која рекламира потврди за вакцинација со плаќање.

Луѓето кои стојат за оваа криминална работа, со седиште во Каваја за да привлечат луѓе, поставиле лого на Е-Албанија како фотографија на налогот.

Работните огласи во врска со фалсификувани потврди за вакцинација почнаа почнаа да се појавуваат на овој налог кон средината на јануари.

Во еден од нив пишува:

„Вакцинацијата е 100 отсто безбедна за движење по Европа. 1-2-3 дози, колку сакате. Контактирајте не за повеќе информации“.

Обемот на работа на оваа криминална група во овој вид работа не е само во Албанија, а тоа го наговестува еден од нивните огласи на Тик-ток.

„НИе пги правиме дозите вакцина ширум Европа 100 отсто безбедни“.

Гаранции има за сите оние кои сакаат да имаат купена потврда за вакцинација.

Цената за потврдата за вакцинација како да сте примиле две дози е 300 евра. Многумина ја контактирале оваа страница на Тик-ток по пат на порака за да ја купат оваа услуга. Но, еден од нив во коментар вели:

„Не земајте ги луѓето здраво за готово, затоа што ќе го избришат фалсификатот и заглавите на улица и без вистински вакцини кои ќе ве заштитат“.