Кралицата Елизабета Втора денес наполни 95 години, се заблагодари за поддршката по смртта на принцот Филип


Кралицата Елизабета Втора се заблагодари за поддршката и љубезноста што ги добила по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, објави Асошиетед прес.

Во изјавата објавена на социјалните медиуми за нејзиниот 95.роденден, и под која таа лично беше потпишана, кралицата вели дека ѝ било утеха да ги види и слушне сите пофалби за нејзиниот сопруг од Обединетото Кралство, Комонвелтот, и од целиот свет.

Некои од членовите на кралското семејство се очекува да го поминат роденденот со неа.

Во капелата на замокот Виндзор во саботата беше погребан сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали.

Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.(АП)