Крај на најдолгата американска војна – последниот авион на САД одлета од Кабул

Пентагон потврди, последниот американски авион го напушти аеродромот во Кабул. Во градот се слушаат истрели
САД го завршија повлекувањето на своите војници од Авганистан, објави Пентагон во понеделникот, речиси 20 години од инвазијата во таа земја по терористичките напади врз Америка на 11 септември 2001 година. Иако воената евакуација е завршена, дипломатската мисија продолжува, јавија новинскитте агенции.
Пукање одекнува во Кабул, со што, како што се претпоставува, се прославува крајот на американскиот воен ангажман во Авганистан, пренесува Би -Би -Си.
Celebratory gunfire #Kabulairport #Afghanistan pic.twitter.com/behl9ZRPU0
— lyse doucet (@bbclysedoucet) August 30, 2021
Пентагон потврди дека американските воени трупи го напуштиле Авганистан, еден ден порано од рокот определен со договорот со талибанците.
Генералот Кенет Френклин Мекензи, командант на Централната команда на САД, на крајот на американското повлекување од Авганистан на прес -конференција во Пентагон во понеделникот објави: „Тука сум да го објавам крајот на нашето повлекување од Авганистан и крајот на мисијата за евакуација на американските државјани, државјаните од трети земји и загрозенитте Авганистанци. Последниот Ц-17 полета од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи на 30 август, попладнево во 15:29 часот според источниот брег, а последниот авион со екипаж сега го напушта просторот над Авганистан“.
Мекензи потврди дека немало американски државјани на последните пет летови и дека нема повеќе американски војници таму. И иако воената евакуација заврши, дипломатската мисија за обезбедување дополнителни американски државјани и соработници Авганистанци, кои сакаат да заминат, продолжува.
„Талибанците беа многу прагматични, тие се однесуваа професионално со нас за време на повлекувањето. Тоа беше квалитетен онос од нужда“, рече генералот, потсетувајќи дека ова е најголемата неборбена евакуација во историјата на американската војска.
„Евакуиравме по 7.500 луѓе дневно, тоа беше монументално достигнување … Има многу длабоки болки поврзани со ова заминување. Не ги земавме сите што сакавме, но да останевме и уште 10 дена мислам дека дури и тогаш немаше да ги земеме сите што сакаат да си заминат, а и потоа ќе имаше луѓе кои ќе беа разочарани. Тоа е тешка ситуација“, рече Мекензи.
За две недели евакуација, сојузниците извлекоа повеќе од 110.000 луѓе од Авганистан.
Претодно, американски напад со беспилотно летало во Кабул резултираше со смрт на десет членови на едно семејство, вклучително и шест деца, изјавија членовите на семејството во понеделникот, а американската војска соопшти дека ги истражува наводите за акцијата насочена кон спречување исламистички напади на аеродромот.
Американските противракетни системи пресретнаа ракети истрелани кон аеродромот во понеделникот од кои Американците го евакуираа персоналот на амбасадата во последните часови од хаотичното повлекување.
Пентагон предупреди дека евакуацијата е во „особено опасна фаза“ и дека „заканата е се уште реална и активна“.
Инаку, Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот усвои резолуција со која се утврдуваат „обврските“ на Талибанците во врска со безбедно заминување на оние кои сакаат да го напуштат Авганистан, но не бара формирање на заштитена зона која претходно ја предложи Франција.
LIVE: @PentagonPresSec John F. Kirby and @CENTCOM commander, Marine Corps Gen. Kenneth F. McKenzie Jr., hold a news briefing at the Pentagon. https://t.co/1K6jZV6Sni
— Department of Defense ?? (@DeptofDefense) August 30, 2021