Крафт славеше во Бишофсхофен – Кобајаши победи на новогодишната турнеја


Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на 72-та новогодишна турнеја „Четири ски скокалници“.

На последната станица од турнејата во австриски Бишофсхофен, Јапонецот го освои второто место, додека Австриецот Стефан Крафт.

Третото место го зазеде словенечкиот репрезентативец Анже Ланишек, кој на таа позиција беше и по првата серија.

Во финалната серија Ланишек го имаше најдобриот скок од 141 метар, но Австриецот и Јапонецот од првата серија имаа преголема предност за да му овозможат победа.