Ковчегот со папата Франциско изнесен на плоштадот „Свети Петар“
Ковчегот на раце се пренесе од од базиликата „Свети Петар“ на плоштадот

Точно во 10 часот почна процесијата на погребот на папата Франциско во Ватикан. Пред повеќе изјади присутни, меѓу кои и најважните личности во светот, ковчегот беше пренесен на раце од базиликата „Свети Петар“ на плоштадот.
Претходно, како што пренесуваат медиумите, на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија им било дозволено да поминат неколку минути покрај ковчегот.
Истата можност ја добил и британскиот премиер Кир Стармер, кој се поклони пред ковчегот.
Службата ќе трае до 11.30 часот, кога пата Франциско ќе замине на своето последно патување со папамобилот, кој за оваа прилига е пренаменет во погребно возило, до неговото вечно почивалиште надвор од границите на Ватикан, во Рим, во црвката Света Марија Маџоре.
Погребната миса започна со хор, а италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардинали, ќе одржи проповед и ќе ја предводи евхаристиската прослава, на која се очекува да сослужуваат 220 кардинали и 750 епископи и свештеници во близина на олтарот, како и повеќе од 4.000 други свештеници кои ќе сослужуваат на плоштадот.
Батиста Ре не може да влезе на конклавата што ќе го избере наследникот на Франциск бидејќи има 91 година и не е кандидат за папа.
Но, набљудувачите на Ватикан веруваат дека во проповедта тој би можел да изнесе упатства што неговите колеги кардинали треба да ги следат.
Плоштадот „Свети Петар“ е исполнет со католички верници и светски лидери, како и со десетина монарси. Римската полиција процени дека до почетокот на мисата се собрале најмалку 140.000 луѓе.