Ковачевски ги повика Македонците во Албанија да не подлегнуваат на притисоци


 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Пустец и Голо Брдо, а премиерот Димитар Ковачевски од Македонија ги повикаа Македонците во Албанија да не подлегнуваат на притисоци за асимилација од страна на Бугарија. Софија во последно време им нуди бугарски пасоши на припадниците на македонското малцинство во Албанија за да се изјаснат како Бугари.

Ковачевски изјави дека ќе разговара со неговиот албански колега Еди Рама за проблемите на Македонците во Албанија на престојниот самит на Отворен Балкан во Белград.

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски денес рече дека нема сомневање оти Македонците во Албанија ќе можат слободно да ја изјаснат својата етничка припадност на пописот кој требаше да почне од 1 октомври, но албанските власти го одложија за идната година поради недостиг на технички помагала за попишувачите.

„Ние како држава сме секогаш присутни меѓу нив. Врз основа на пописот, секој од нив ќе може слободно да се изрази во Албанија како Македонец, нормално. Доколку постои притисокне треба да подлегнуваат на него, а знам дека Албанија ќе го направи пописот врз основа на сите највисоки стандарди на Европската унија и на Евростат. Сигурно дека ќе спречи било какви притисоци во поглед на било какво влијание врз било кој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност“, рече Ковачевски. Тој рече дека Македонците во Албанија веќе имаат своја партија, пратеник во парламентот и градоначалник.