Контроверзна Шведска отиде предалеку: Има и закани со смрт


 

Некои вработени во шведската јавна здравствена агенција, која одлучува за контроверзниот шведски модел на борба против Ковид-19, добија и закани.

Тие добиле полициска заштита, соопшти денеска шефот на агенцијата, пренесе Ројтерс.

Шведскиот одговор на пандемијата беше поинаков од пристапот на повеќето земји во светот, затоа што социјалната дистанца и маските не беа задолжителни, туку се беше на доброволна основа.

Во Шведска досега починаа повеќе од 12.500 луѓе, а бројот на починати по глава на жител е поголем од соседните нордиски земји, но помал отколку во западноевропските држави кои имаа строги рестриктвини мерки.

Големата смртност предизвика остра дебата за тоа дали властите мораа да воведат позасилени мерки, а во центарот на вниманието е водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел.

„Ова отиде предалеку, да, имаме и закани со смрт, кои сега ги истражува полицијата“, рече шефот на јавната здравствена агенција Јохан Карлсон за ТТ.

Карслон нагласи дека заканите почнале уште пролетоска.

„Заканите се насочени кој истакнати личности, а во меѓувреме се зголеми бројот заканувачки пораки. Ги добиваме секојдневно. Имаме луѓе што ги чува полицијата“, рече тој.