Контроверзна идеја ја подели Белгија: Прво да се вакцинираат младите


 

Додека се довршува постапката за вакцинирање на најзагрозените групи во белгија, меѓу кои и корисниците на старечки домови и здравствените работници, група угледни научници до владата упатија писмо =, сега предност во вакцинирањето да им се даде на младите, што предизвика голема бура во јавноста.

Писмото напишано од Хајди де По, шефица на здружението „Чајлд фокус“ и Сара Веракаутерен од агенцијата „Бипаблик“, го поддржаа бројни угледни личности од Фландрија.

– Сакаме да го препуштиме нашиот ред на вакцинирање на младите, како што од нив очекуваме да им го препуштат седиштето во втубус на постарите“ – напишаа тие.

Нивниот аргумент е дека за младите излегувањето од изолација е побитно отколку за старите, па денешната ситуација повеќе ги погодува младите. Инаку, во Белгија последните месеци, меѓу студентите е забележан рекорден пораст на користење антидепресиви.

Во јавното писмо се бара, откако ќе се вакцинираат сите загрозени групи предност да им се даде на малдите од 16 до 25 години. Потоа да дојде ред на останатите.

Авторите на писмото наведуваат дека селото општество ќе има корист од тоа што студентите ќе можат да одат на предавања, да се дружат со колегите, да патуваат и да работат студентски работи. Сето наведено, веќе една година им е скратено, што е погубно за нивната иднина.

– Ние постарите од 40 години може малку подолго да почекаме – велат тие.

Иако политичарите и психолозите покажаа доза разбирање за оваа идеја, тврдат дека во моментот тоа е невозможно, дури и контрапродуктивно, да се промени детално разработениот план.

Водечкиот белгиски виролог Марк Ван Раст вели дека со вакци идеи на младите им се дава лажна надеж која тие можат да ја интерпретираат како дозвола да прават што сакаат, затоа што одредени ограничувања, како социјална дистанца и носење маски важат и по вакцинирањето.

Инаку, според Белгискиот национален совет, ситуацијата со пандемијата е ставена под контрола наназад три месеци, додека бројот на новозаразени во последните денови се движи околу 2.000 дневно, а истовремено значително опаѓа и бројот на хоспитализирани од Ковид-19.