Концертна промоција на албумот „Миндил“ од „Рона Нишлиу квартет“
Концертна промоција на вториот албум на „Рона Нишлиу квартет“, насловен „Миндил“ ќе се одржи на 20 мај, понеделник, во 21 часот во салата на Македонската филхармонија, во организација на Културно-информативен центар-Скопје.
Музичкиот албум вклучува десет песни од стотици години музичко наследство, звуци што ја препознаваат креативноста на оваа територија, особено мелодични, лирски и весели нијанси.
Внимателно избрани музички содржини што ги спојуваат најубавите песни на албанскиот мелос како: „Бареша“ на Реџо Мулили, „Ме луле те букура“ на Тиш Даја, „Мој е мира те појата“ во верзијата на групата „МАК“ од Митровица, „Маленџими“ и многу други.
Квартетот е основан кон крајот на 2014 година и оттогаш се претставил на многу концерти и современи и традиционални музички фестивали. Квартетот го сочинуваат: Рона Нишлиу (вокал), Едон Рамадани (пијано), Кирил Туфекчиевски (двоен бас) и Несим Макшуни (тапани). Проектот „Миндил“ го користи уметничкото творештво на Рона Нишлиу и членовите на квартетот за промовирање на заеднички вредности, културно, духовно и музичко наследство. Појдовна точка на проектот е трансформацијата на традиционалната музика.
Албумот ќе има концертни промоции во повеќе градови во Мкаедонија, Косово и Албанија со цел запознавање на јавноста со музичкото духовно наследство.
Вокалистката Рона Нишлиу е родена на 25 август 1986 година во Митровица. На тринаесет години се преселила со своето семејство во Приштина. Работела на Радио Блу Скај во Приштина како презентерка. Нишлиу ја претставуваше Албанија на Евровизија во 2012 година во Баку, Азербејџан, откако победи на националниот избор со песната „Суус“. Таа е прва пејачка од Косово што ја претставувала Албанија во конкуренција и го освои петтото место во финалето, најдобар резултат на Албанија досега.
Рона беше посветена на хуманитарна работа веднаш по Евровизијата, стана членка на проект за подигање на женската свест. Таа објави и песна со ваква тематика, „Само срцето зборува точно“, чиј текст зборува против тинејџерското сексуално насилство. Песната е дел од широка кампања за подигање на јавната свест предводена од Центарот за родови студии на Косово, поддржана и финансиранаод Европската Унија.
Во Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, Рона Нишлиу е позната и како поп музичарка. Публиката ја препознава како пејачка што експериментира со џез и соул музиката.