Кој ќе дојде на парадата на Путин утре за Денот на победата?


Кремљ ги именуваше странските гости на парадата што ќе ја организира утре по повод Денот на победата 9 мај. Листата никогаш досега не била пократка. Меѓу деветте гости се двајца лидери на непризнаените квази-држави Абхазија и Јужна Осетија, тројца претставници на Република Српска,ентитет во рамките на Босна и Херцеговина – како и нелегитимниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

Од друигите актуелни шефови на држави, на парадата ќе бидат само султанот на Малезија и претседателот на комунистичкиот Лаос. Словачкиот премиер Виктор Фицо ќе биде во Москва, но нема да присуствува на парадата, а на списокот ги нема ни српскиот лидерт Александар Вучиќ, ни кинескиот претседател.

За споредба – во 2005 година, на московската парада присуствуваа лидери од целиот свет.Имаше шефови на држави од САД, Германија, Франција, Кина, Јужна Кореја, Јапонија, Индија, Италија, Обединетото Кралство, постсоветските земји, како и генералните секретари на ОН и УНЕСКО.Сега сè изгледа прилично патетично.

Присуството на трибините на Парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад останува ограничено за очибните граѓани. Пристапот е можен само со лични покани, кои традиционално се испраќаат до ветераните од Големата патриотска војна и нивните роднини, претставници на највисокото воено раководство, државници, како и странски делегации и други почесни гости. Во последниве години, поканети се и победниците на историската кампања „Диктатура на победата“.