Кој хороскопски знак има најмногу шанси да добие на лото?


Ако играте игри на среќа, а никогаш не освојувате ништо, тоа можеби има врска со вашиот хороскопски знак. Имено, Дејли Меил објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога се работи за игри на среќа.

На прво место се Рибите кои минатата година освоиле најмногу добивки на лотарија од кој и да е друг знак. Тие родени меѓу 10 февруари и 20 март, освоиле 11,6 отсто од сите добивки на лотарија.

Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите на овој хороскоски знак освоиле 9,9 отсто од добивките, за еден отсто поамалку имаат Девиците со 8,9 отсто и Водолиите со 8,5 отсто.

Најнесреќни се Стрелците затоа што имаат само 6 отсто добивки од лотарија.

Лорен Куни од австралиската лотарија рече дека би било интересно да се види дали овој тренд ќе продолжи и годинава.

Табелата на хороскопски знаци кои имаат среќа на лотарија е следна:

Риби 11.6%
Близнаци 9.9%
Девица 8.9%
Водолија 8.5%
Скорпија 8.5%
Бик 8.5%
Рак 8.2%
Лав 7.7%
Вага 7.7%
Јарец 7.7%
Овен 7.5%
Стрелец 6%