Кој беше Марти Ахтисари – човек предодреден за мировни мисии

Поранешниот фински претседател преговараше со Милошевиќ за време на бомбардирањето на НАТО, ги смири бунтовниците во Ацех со Индонезија, беше архитект на независноста на Намибија. Умре на 86 години


Марти Ахтисари во 2016 година

 

Марти Оива Калеви Ахтисари беше десеттиот претседател на Финска од 1994 до 2000 година. Почина на 16 октомври 2023 година. Регионалната јавност најмногу го памети како известувач за Косово и по познатиот „план на Ахтисари“, кој беше отфрлен од српската страна, а кој сѐ уште се споменува и на кој се повикуваат политичарите во централна Србија и Косово.

Ахтисари е роден во 1937 година во Випури, денешен Виборг. Неговиот роден град тогаш беше дел од Финска, но по поразот во војната од СССР сега е дел од Русија.

Дипломатската кариера ја изгради во Министерството за надворешни работи на Финска, а потоа како дипломат кој посредуваше, оценуваше, преговараше и одлучуваше за „спорни точки“. Во Израел ги истражуваше акциите на израелските сили во бегалските кампови, а во Северна Ирска се инфилтрираше во тајните бази на ИРА.

Пред тоа, Ахтисари беше амбасадор на Финска во Танзанија, Мозамбик, Замбија и Сомалија.

Во 2020 година, на Ахтисари му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, поради што речиси целосно се повлече од очите на јавноста.

Посредувањето во предпреговорите меѓу Белград и Приштина не беше прва мисија на Ахтисари на овие простори. Како што напиша во својата книга, среде НАТО бомбардирањето на СРЈ и кон крајот на неговото претседателствување со тогаш воено неутралната Финска, од Вашингтон му се јавил тогашниот заменик-државен секретар Строуб Талбот, кој го замоли да разговараат за „една многу комплицирана и интересна работа“.

Тоа значеше финскиот претседател да „намине до Белград“ како дел од планот што би вклучувал разговор со Милошевиќ „користејќи комбинација на дипломатија и бомбардирање“.

Ахтисари детално го опшиува разговорот во една од своите книги и вели дека идејата била да го вработат затоа што тој е идеалната личност на која Милошевиќ би бил спремен да му го „предаде мечот“ и на тој начин да си ја спаси честа. Имено, руската теорија беше дека Милошевиќ би бил подготвен за овој гест доколку се најде вистинската личност и вистинската организација.

Ахтисари го опишува објаснувањето на Талбот дека руската позиција е оти ОН треба да играат клучна улога во обезбедувањето „чадор“ и за воената и политичката имплементација на договорот.

„Бевме на мислење дека Кофи (генералниот секретар на ОН, Кофи Анан), иако инаку извонредна личност и вистинска, не е баш погодниот човек за ова. Потребен е некој друг, на пример, постара меѓународно призната личност, која би можела да учествува во дискусиите“.

Кога, по долг разговор, Ахтисари одговорил дека ја прифаќа понудата, Талбот воодушевено извика: „Па, ова е вистинска музика за мои уши!“

Така почна. Ахтисари пишува дека бил многу скептичен и дека ниту тој ниту Талбот не верувале дека Милошевиќ ќе му го „предаде мечот“ за помалку од еден месец, дека со тоа ќе заврши бомбардирањето на НАТО и дека

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го назначи Марти Ахтисари за специјален пратеник на ОН за преговорите за идниот статус на Косово. Неговиот план, иако беше одбиен од Советот за безбедност и Србите, стана основа за прогласување на независноста на Косово.

На почетокот на 2007 година Марти Ахтисари, тогашниот специјален пратеник на Обединетите нации, го презентираше таканаречениот Сеопфатен предлог за решение на статусот на Косово. Тој документ, меѓу другото, предвидува широка автономија за српските општини и „надгледувана независност на Косово“.

Договорот на Ахтисари содржи голем број одредби, членови и анекси кои се однесуваат на уставни, судски, имотни, безбедносни и други мерки со кои би се регулирал статусот на Косово.

Планот се споменува и во Декларацијата за независност усвоена од Собранието на Косово на 17 февруари 2008 година, со која Приштина еднострано прогласи одвојување од Србија. Во таа декларација пишува дека Косово ги прифаќа „сите меѓународни обврски содржани во планот на Ахтисари“, и дека „Уставот ќе ги содржи сите релевантни принципи“ од договорот.

Ахтисари ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговото долгогодишно посредување во воспоставувањето мир, вклучително и договорот од 2005 година меѓу Индонезија и бунтовниците од провинцијата Ацех.