Авионска несреќа во Тексас: Нема преживеани
Пет лица загинаа денес кога мал авион се урна во американската држава Тексас, изјави денес локален функционер, додека надлежните федерални служби ја истражуваат причината за несреќата.
Несреќата се случила во четврток вечерта во Вимберли, околу 40 милји југозападно од Остин, изјави окружниот судија на округот Хејс, Рубен Бесера, во објава на Фејсбук, објави АП.
Тој прецизираше дека станува збор за авион Цесна 421Ц, додавајќи дека, според прелиминарните информации, авионот се движел со голема брзина во времето на несреќата и се урнал околу 23 часот по локално време.
Бесера, исто така, изјави дека друг авион што се наоѓал во истиот воздушен простор успешно слета во близина на Сан Антонио. Федералната администрација за цивилно воздухопловство на САД и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД се известени за несреќата и ќе ја преземат истрагата, соопштија локалните власти.