Кога ќе има вакцина против мутираниот коронавирус?

Се работи на развојот на вакцини адаптирани на мутациите на коронавирусот. Во меѓувреме борбата е да се вакцинираат што е можно повеќе лица со оние вакцини кои веќе се на располагање
Постојано растечкиот број на мутации од коронавирусот научниците, производителите и властите ги става пред нов предизвик. Околу тоа немаат никакви дилеми тројца германски виролози кои во вторникот (23. февруари 2021) организираа виртуелна пресконференција. Но, заедничката констатација е дека може да останеме во надеж. „За една година имаме веќе три одобрени вакцини”, нагласи Мерилин Адо, професорка по вирологија на Универзитетската клиника во Хамбург Епендорф. „Тоа е одлично и во критичките дебати сега се заборава дека всушност секој ден имаме нови успеси на кои треба да се радуваме.”
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука