Kнижарница му се „одмазди“ на Орбан – го стави на полицата за…
Книжарницата што имаше проблеми со законот на режимот на Орбан сега направи потег да му испрати јасна порака на поранешниот унгарски претседател и конечно да му се одмазди.
Имено, во 2023 година, книжарницата беше казнета со 31.500 евра поради една од детските книги што беше ставена на полицата со литература за млади. Контроверзна илустрација беше на книгата, за која законодавецот тврдеше дека промовира хомосексуалност.
Случајот заврши на суд, а книжарницата го доби случајот, благодарение на една запирка во законот.
Во владиниот декрет се наведува дека сите производи наменети за деца што ја прикажуваат хомосексуалноста „може да се продаваат само во затворено пакување, одвоено од другите производи“. Сепак, бидејќи не ставиле запирка пред зборот „само“, реченицата не имплицирала дека мора да се чува одделно и во затворено пакување, туку дека ако книгата се чува одделно од другите, мора да се завитка во посебно пакување.
По пресудата, законот беше изменет и додадена е запирка.
Одмазда по три години
Книжарницата очигледно не го заборавила хомофобичниот закон на Орбан, кој речиси доведе до голема казна, пишува 444.hu.
По изборите на 12 април и победата на опозициската партија Тиса Петер Маѓар, книжарницата симболично ги премести сите политички книги за Орбан на полиците каде што се чуваат книгите по историја.
Líra library, once almost ruined by Fidesz just put all their books about Fidesz to the history section. Its over. pic.twitter.com/CP8SKt64Fg
— Wandy🇭🇺🇪🇺 (@Noirsoldat_) April 14, 2026