Ќе го збогати секое јадење: сушени домати во маслиново масло
Едноставен рецепт кој му успева на секого, а се подготвува многу брзо и лесно.
Состојки:
2 кг домати,
лук,
босилек,
рузмарин (свеж или сушен),
екстра девственото маслиново масло,
сол
бибер,
ловоров лист,
свежа мајчина душица по желба.
Подготовка:
Изберете домати со приближно иста големина за да се исушат рамномерно. Загрејте ја рерната на 100 степени. Измијте ги и исушете ги доматите, избришете ги со крпа или хартиена крпа. На дното на садот за печење ставете хартија за печење. Доматите исечкајте ги на четвртинки и ставете ги на плех.
Помеѓу парчињата домати ставете го излупен лукот. Зачинете со сол, бибер и прелијте со екстра девственото маслиново масло. Ставете ја во рерна да се исуши околу 3-4 часа. Потоа исклучете ја рерната и оставете ги доматите да се изладат.
Во стерилизирани тегли ставете рузмарин, изладени домати и излупениот печен лук. Додадете по еден ловоров лист, свежи листови босилек, свежа мајчина душица и на крајот прелијте го екстра девственото маслиново масло на врвот на доматите. Затворете и чувајте го во фрижидер.