Кинези нудат милиони: Во Хрватска сакаат да направат спомен-парк на Јосип Броз Тито


 

Кинези сакаат да го купат поранешното политичко училиште во Кумровец, родниот град на Маршалот и да направт спомен-парк за некогашниот комунистички и југословенски лидер Јосип Броз Тито.

Трговското друштво „Зонгџа недвижности“ понудило 18 милиони куни околу 2,5 милиони евра за хотелот „Загорје“, поранешно политичко училиште, за што Министерството за државен имот на Хрватска бара 12 милиони куни.

Некогашното политичко училиште во Кумровец има површина од околу 27.000 метри квадратни и е во државна сопственост.

Интерес за таа девастирана недвижност покажа кинеската претприемачка Јанг Ју, која повеќепати била во Кумровец, и предочила идеја за изградба на спомен-парк на Јосип Броз Тито.

Јанг стои зад комапнијата која предала понуда за купување на хотелот „Загорје“, а како што наведуваат хрватските медиуми, тоа е и единствената понуда.

Се очекува понудата наскоро да се најде пред Владата на Хрватска.