Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван


Тајван денеска остро ја критикуваше Кина, чии воени авиони, по повод одбележувањето на националниот празник, влегоа во одбранбената зона на тој остров.
Тајван постојано се жали од почетокот на годината за постојано влегување на кинеските воздухопловни сили во воздушниот простор на островот.
Тајвански борбени авиони полетаа вчера откако во два наврати 38 кинески авиони влегоа во спорниот воздушен простор.
Тајванското министерство за одбрана објави дека борбените авиони ги предупредиле Кинезите, додека противвоздушните системи ја следеле нивната траекторија.
Во првиот бран имаше 18 авиони „Ј-16“ и четири авиони „Су-30“ со два бомбардера „Еџ-6“ и авион против подморници, а во вториот десет „Ј-16“, два „Еџ-6“ и авион за рано предупредување кои влегоа  во спорниот простор. 
Според Министерството за одбрана, во првиот упад, кинески авиони прелетале над областа во близина на островот Пратас, а двата бомбардери биле многу поблиску до островот.
Вториот упад беше кон каналот Баши, кој го одделува Тајван од Филипините и го поврзува Пацификот со Јужното Кинеско Море.
Кина се уште не ја коментираше објавата на Министерството за одбрана на Тајван.