Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето дронови произведени во Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во текот на викендот надгледуваше тестирање на беспилотни летала развиени во земјата, објави севернокорејската агенција КЦНА.

Севернокорејскиот водач го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат одредени цели откако летаа по различни претходно поставени рути, објави КЦНА.

Ким, истовремено, повика на производство на повеќе беспилотни летала – дронови – што ќе ги користат тактичката пешадија и единиците за специјални операции, како што се подводно оружје за уништување и беспилотни летала за стратешко извидување и повеќенаменски напади.

КЦНА, исто така, пренесе дека Ким наредил и дополнителни тестови за борбена употреба на беспилотни летала со цел да се опреми севернокорејската армија со ова оружје што е можно поскоро.

Севернокорејските власти ги зајакнаа тактичките воени способности, вклучително и ракети со краток дострел и тешка артилерија со цел да го нападнат Југот, сето тоа откако направија голем напредок во балистичките ракети со долг дострел и нуклеарните програми.