Киев Индипендент: Признавањето на рускиот суверенитет над Крим би било кршење на меѓународното право


Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го прифати неговиот мировен план – кој вклучува признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим, аналитичарите предупредуваат дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право, пишува украинскиот весник Киев Индипендент.

 Русија го окупираше и анектираше Крим во 2014 година, но Украина сè уште го смета за своја територија, а мнозинството од меѓународната заедница одбива да го признае ова незаконско присвојување. „Формалното признавање на рускиот суверенитет сега би било јасно кршење на меѓународното право“, изјави за „Киев Индипендент“ Стефан Волф, професор по меѓународна безбедност на Универзитетот во Бирмингем.

„Малку е веројатно дека повеќето од преостанатите сојузници на Украина ќе го следат примерот, но земјите поблиску усогласени со Русија би можеле да го сторат тоа“, додаде тој.

Од друга страна, експертот за безбедност Арон Гаш Бурнет таквиот потег би го нарекол капитулација.

Тој изјави за Киев Индипендент дека предавањето на Крим на Русија „ќе ја отвори Пандорината кутија на бројни глобални конфликти“.

– Авторитарните режими од ова би научиле дека сè што треба да направат е да го нападнат соседот, да го издржат притисокот и на крајот ќе бидат наградени за тоа. Тоа би била пораката што ја плаќа империјализмот, предупреди Барнет., предупреди Барнет.