Кичевчанец нападнал адвокат во судница во Дебар

Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар.
Според охридската полиција, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.