(Видео) Керли е новиот светски шампион на 100 метри, тројна победа за Американците
Американецот Фред Керли победи на 100 метри со 9,86 секунди на Светското првенство во атлетика во Јуџин, САД, додека олимпискиот победник во оваа дисциплина Марсел Џејкобс од Италија поради повреда се откажа на полуфиналето.
Американците ги „освоија“ 100 метри затоа што ги освоија сите медали, во финалето имаше четворица претставници на САД, од кои тројца завршија во рамките на две стотинки.
Керли беше подобар за две стотинки од Марвин Брејси, а Трејвон Бромел ја освои бронзата со 9,88. Фред Керли веќе блескаше во петокот победувајќи го првото коло со 9,79 секунди, во полуфиналето истрча 10,02. Во финалето раниот фаворит првите 95 метри беше зад Брејси, но го претекна во последните пет метри за својот прв поединечен златен медал и прва американска „тројка“ на 100 метри од 1991 година.
„Извонредно е да се биде во друштво на легенди. Карл Луис, Лерој Бурел и Денис Мичел го направија тоа во 1991 година, ние го направивме тоа во 2022 година.
На минатогодишните Олимписки игри Керли беше втор на 100 метри, пред три години беше трет на СП на 400 метри, а медали освои и во штафетата 4 х 400 метри.
Бранителот на титулата Кристијан Колман, кој минатата година не беше на Олимпијадата поради казна за три пропуштени допинг тестови, овојпат остана без медал. Како четврти Американец, тој беше шести во генералниот пласман со 10,01, пред Облик Севиља (9,97) од Јамајка и Јужноафриканецот Акани Симибине (10,01).
Џејкобс се повлече пред полуфиналето поради повреда на мускулот на десната нога, соопшти италијанската атлетска федерација. Дваесет и седумгодишниот Џејкобс шокираше со злато и европски рекорд од 9,80 на минатогодишните Олимписки игри во Токио. Во 2021 година не настапи на ниту една трка, а во март годинава освои ново злато на 60 метри на затвореното СП во Белград. Потоа поради низа повреди откажа голем број настапи, а во петокот истрча во првото коло од квалификациите во Јуџин и обезбеди полуфинале со 10,04 секунди.