Кениска доминација на маратонот во Бостон
САД – Олимписката победничка од Токио, Кенијката Перес Јепчирчир, во женска конкуренција, и нејзиниот сонародник Еванс Чебер, во машка конкуренција, се победници на годинешното 116. издание на Бостонскиот маратон.
Јепчирчир до победата дојде во неизвесна завршница, минувајќи низ целта со време 2:21:01 часа, само четири секунди пред второпласираната Абабел Јешане од Етиопија
Третото место го освои Кенијката Мару Нгуги.
Во машка конкуренција, Чапет ја оствари својата прва победа на еден од серијата најголеми светски маратони, а до неа дојде со време од 2:01:51 часа.
Клучна за победата се покажа одлуката на Чапет да нападне на 35-от километар, кога се одвои од групата предводена од неговите сонародници Лоренс Чероно и Бенсон Кипруто, кои низ целта минаа како втор и трет.