Кавадарци со 53 милиони денари го подобрува уличното осветлување


Општина Кавадарци инвестира 53 милиони денари во капитален проект за подобрување на уличното осветлување.

– Преку оперативата на ангажираната фирма се поставува нова нисконапонска линија, каде се врши вкопување на мрежата од јавното улично осветлување, велат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Според проектот,  на 17 локации ќе бидат поставени вкупно 420 метални столбови со висина од 4 до 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, меѓу 60 и 80 вати, во зависност од потребите. Во новата мрежа ќе се вградат 12 000 метри нисконапонски кабел,  кој ќе биде вкопан во земја. Освен ова, предвидена е и реконструкција на 800 постоечки светилки.

– Крајната цел на општината, преку овој капитален проект, е да се формира и центар за мониторинг и управување со јавното улично осветлување. Воедно на кабелските оператори и на ЕВН, им овозможува во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да бидат ослободени од воздушните водови и старите дрвени бандери, велат од Кабинетот на градоначалникот.