„Форд“ најави продажба на е-пикап, резервирани сите модели за следните 3 години


Следната година ќе започне продажбата на пикапот на Форд, кој досега го резервирале дури 200.000 луѓе Годинава „Форд“ ја претстави електрична варијанта на својот легендарен пикап F-150, кој ќе се најде во продажба следната година. За оние кои сакаат што побрзо да влезат во овој автомобил, „Форд“ ја отвори можноста за резервација, а уште од […]

Морална паника на Инстаграм: Никој не знае дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите


За време на нејзиното неодамнешно сведочење пред поткомитетот на американскиот Сенат, а потоа и во Велика Британија, Френсис Хоген, порано вработена во Фејсбук, а сега свиркач, отвори неколку важни и комплицирани прашања за тоа како општеството може подобро да влијае на оваа социјална мрежа. Но, постои едно основно прашање, на кое ниту нејзиниот слух, ниту […]

Ракетата на Џеф Безос успешно однесе во вселената шест патници


Вселенската компанија на милијардерот Џеф Безос „Блу Ориџин“ (Blue Origin) денеска успешно го изведе третиот комерцијален лет во вселената, но првпат со шест патници. Ракетата наречена „Њу Шепард“, според американскиот вселенски пионер Алан Шепард, денеска беше целосно исполнета кога полета од американската држава Тексас во вселената, а по летот, кој траеше десетина минути, се врати […]

Во Виена почна да сообраќа првиот автобус на водород


Градот Виена го направи првиот голем чекор на патот кон еколошки прифатливо гориво и го претстави својот прв водороден автобус. Во текот на следните неколку месеци, како дел од тест фазата, автобусот на водород ќе сообраќа во мрежа автобуски линии, а од јануари ќе може да го користат и патниците. Градското јавно сообраќајно претпријатие на […]

Елон Маск се надева дека в година ќе вградуваат чипови човечкиот мозок


Милијардерот, инвеститор, инженер, пронаоѓач и футурист Елон Маск изјави дека „Неуралинк“, неговата компанија која се занимава со технологија за поврзување на компјутери и мозоци, се надева дека следната година ќе започне со вградување на своите микрочипови кај луѓето. „Неуралинк“ развива чип кој ќе биде вграден во човечкиот мозок за истовремено да снима и стимулира мозочна […]

Роскосмос го испраќа јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на МВС


Русија – Руската вселенска агенција Роскосмос утре ќе го испрати јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на Меѓународната вселенска станица (МВС). Со ова, како и со испраќањето на глумицата Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, Москва се враќа во бизнисот со вселенски туризам по повеќегодишна пауза. Еден од најбогатите Јапонци, 46-годишниот Маезава ќе полета од космодромот Бајконур во […]

НАСА избра 10 нови астронаути, од 12.000 кандидати


САД– Изборот на американската Национална воздушно-вселенска администрација за нови астронаути заврши. Од 12.000 кандидати, избрани се 10, соопшти НАСА. – Секој од нив има одличен склоп од неопходни квалитети, но заедно го отелотворуваат кредото на нашата земја: E pluribus unum – еден од многуте!, рече шефот на НАСА, претставувајќи ги идните астронаути. Меѓу 10-те регрути […]

Мистериозен објект на темната страна на Месечината


Доколку сè оди според планот, светската јавност наскоро би требало да добие повратна информација за она што кинескиот ровер „Јута-2“ го открил на таканаречената темна страна на Месечината. Имено, новинарот Ендрју Џонс во петокот на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа нешто како „коцка“, а е направена од камерата на роверот, и […]

Во Швајцарија одобрена првата капсула за евтаназија


  Капсула наменета за асистирано самоубиство доби одобрување во Швајцарија, а нејзиниот креатор верува дека би можела да биде спремна за употреба во оваа земја од наредната година. Евтаназијата е легална во Швајцарија, а во 2020 година тоа право го искористиле 1.300 луѓе, покажаа податоците на двете главни организации за „асистирано самоубиство“. Својот живот луѓето […]

НАСА финансира нови вселенски станици, одбрани три компании


Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста. Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа. Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција и […]

Тимот WebPillar & Data Consulting – победник на четиридневниот хакатон за отворени податоци


 Второто издание на онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот WebPillar & Data Consulting го понуди најкреативното софтверско решение во рамките на хакатонот којшто од 30 ноември до 3 декември го организираше Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. […]

„Видео на годината“ – што му прават мРНА вакцините на човековото тело


Како РНК вакцините Фајзер и Модерна влијаат на корона вирусот и на нашето тело, објаснува едноставно, кратко научно видео. Од појавата на вакцините против корона, се појавија бројни теории на заговор за тоа како тие влијаат на човечкото тело. Најпопуларната е за тоа дека mRNA вакцините (направени врз основа на информации за РНК), како на […]

Твитер забранува споделување фотографии и видеа без согласност


Твитер соопшти дека нема да дозволи споделување приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое е на нив. Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти. „Кога поединци кои се прикажани или овластени претставници ќе […]

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, поднесе оставка


Основачот и извршен директор на Твитер Џек Дорси денеска поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа и но ќе остане член на менаџментот на Твитер најмалку до следната година. Технолошкиот директор на Твитер, Параг Агравал, ќе ја преземе функцијата на извршен директор. – Одлучив да го напуштам Твитер затоа што верувам дека компанијата […]

Петров на конференција во Ерусалим: Развојот на нови технологии во фокусот на ФИТР


Развојот на нови и иновативни технологии е главниот фокус на ФИТР, кој во моментов поддржува над 780 проекти со инвестиции од 86 милиони евра, од кои голем дел се инвестиции во технолошкиот сектор, истакна директорот на Фондот Коста Петров, во своето обраќање на најголемата конференција за технологии и иновации во Израел „Improvate” на која го […]

Кои се најбрзо растечките ИТ компании во Централна и Источна Европа


Компании од девет земји од Централна и Источна Европа влегоа годинава во главната конкуренција на Deloitte Technology Fast 50, платформа која препознава и профилира брзорастечки технолошки компании во регионот. Програмата, која сега е во својата 22-ра година, ги рангира 50-те најбрзорастечки јавни или приватни технолошки компании. Годинава најуспешни беа Чешка со 19 компании и Полска […]

ЕСА: Првиот европски астронаут на Месечината до 2030 година


Раководителот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер сака „да го види првиот астронаут“ од Стариот континент на Месечината до 2030 година, објави ДПА. – Целта е да испратиме астронаути на површината на Месечината до крајот на ова десетлетие, изјави Ашбахер за агенцијата во Париз. Тие „зад себе би ги оставиле првите отпечатоци од европски […]

Апликацијата „CommonPass“ сега е целосно функционална и достапна за граѓаните


Апликацијата „CommonPass“, која има за цел да овозможи приказ на Ковид-19 статусот на секој корисник сега е целосно функционална и достапна за граѓаните на Северна Македонија. Со тоа се овозможува корисниците електронски да ги документираат своите здравствени податоци поврзани со Ковид-19 во контекст на примена вакцина и/или резултат на Kовид-19 тест, од сертифицирани и акредитирани […]

НАСА лансираше пробен систем за менување на насоката на астероиди


Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансираше вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата. Вселенскиот брод „ДАРТ“ беше лансиран на ракетата „Фалкон 9“ од базата „Ванденберг“ во 22.21 часот по локално време од американскиот […]

„Епл“ тужи израелски производител на шпионски софтвер


Американската корпорација „Епл“ денеска поднесе тужба против производителот на шпионски софтвер НСО поради таргетирање на корисниците на неговите уреди, оценувајќи дека израелската компанија, која е во центарот на скандалот Пегасус, треба да одговара. Тужбата на „Епл“ додава нови проблеми за НСО, која е вмешана во контроверзии поради извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари […]