(Видео) Малку по шини, малку по пат: Автобус и воз во едно пакување


Ова дизел-возило користи класични тркала со гуми за пат, а на шини извлекува челични тркала и продолжува понатаму како воз. Идејата е да се обезбеди јавен превоз во мали градови, како што е Каијо на островот Шикоко, во кој ќе сообраќа ова необично возило.

Превозното средство прикажано на снимката не настана од хировите на технолошки моќните Јапонци. Не, тоа има посебна намена, а тоа е внимание и грижа кон постарите, особено во руралните предели. Со спојување на автобусот и возот, јавниот транспорт се приближува кон сѐпоголемиот број стари лица во Јапонија.

 

Автобусот/воз е со дизел мотор и на два начини може да превезе 21 човек. Постигнува брзина од 60 км/ч на пруга. Озвен тоа, во состојба е да постигне 100 км/ч на асфалтен пат.

Пред да се претвори во воз тој извлекува челични тркала, а за тоа му треба посебна платформа, до која треба да стигне.