Проблеми во функционирањето на апликацијата Телеграм низ светот


 Корисниците на апликацијата Телеграм низ светот пријавиле проблеми во нејзиното функционирање, покажуваат податоците на сајтот Даундетектор (Downdetector), кој ги следи грешките и поврзувањето на популарните интернет локации.

Според сајтот Даундетектор, евидентирани се вкупно 789 поплаки.

Вкупно 45 отсто од корисниците се пожалиле на проблеми со апликацијата, 36 отсто на проблеми со испраќање пораки, а 19 отсто имале проблеми при поврзувањето со серверот.

Русија, Украина, Полска и Холандија се меѓу земјите каде корисниците на Телеграм се соочиле со проблеми.