Запознајте ги џуџињата од Вроцлав – сами против сталинизмот


Ако се прошетате по улиците на полскиот град Вроцлав, мора добро да внимавате да не се сопнете од некоја од нивните скулптури.

Низ целиот град расфрални се мали скулптури на џуџиња кои се политички „нас`скани“.

Околу триесетина кипови поставени се на поетокот на новиот милениум, а сѐ почнало со еден споменик на „Портокаловата иницијатива“. Се работи за полското антикомунистичко движење што почна во `80 години од минатиот век, чии припадници се собирале токму ан тоа место.

Почетоците на нивното делување биле мали и скромни: шарале свои пароли и џуџиња преку политичките слогани на ѕидови. Логично, џуџето стана згоден симбол на малиот човек во борбата против огромниот сталинистички апарат, но и смешен и потсмешлив начин за пресметка со сериозна партија.

„Џуцињата нѐ насмејуваа во тие тешки времиња, и тоа беше целата идеја: ја прикажуваа апсурдната ситуација и ги потика луѓето да престанат да се плашат“, изјави полскиот новинар Аркадиус Форстер. Тмурните времиња денес се минато, па многу туристи не ни ја знаатс уимболиката зад џуџињата.

Повеќето од нив делуваат добронамерно и се занимаваат со својата работа без какви и да е назнаки за герила активности? едни јаваат гулаби, други читаат книга, трети чекаат ред во банка…

Денес во градот има повеќе од 500 кипови, а може да ги барате и преку апликација или карта во туристичко биро.