Алекса му рече на 10-годишно девојче да стави монета на полнач напола вклучен во штекер


 

Амазон ја ажурираше Алекса, главната помошничка и еден од своите најпознати производи, откако Алекса на десетгодишно девојче му рекла да стави монета на полнач напола вклучен во струја.

Девојчето ја прашало Алекса за предизвик.

„Вклучи го телефонскиот полнач отприлика до половина во штекер во ѕидот, а потоа допри ги запците со кованица“, рекла Алекса.

Амазон тврди дека ја поправиле грешката во својот производ, штом дознале за неа.

Мајката на 10-годишната Кристин Ливдал, овој инцидент го опиша на Твитер.

„Претходно правевме некои физички предизвици, како лежење и превртување држејќи ја чевлата на нога, од учителка по физичко на Ѕутуб. Лошо време надвор. Само сакавме уште еден предизвик“, напиша мајката на Твитер.

Тогаш Алекса предложила предизвик кој го нашла на интернет.

Опасниот предизвик почнал на ТиТок пред од прилика една година

Опасната активност, поната како предизвик со кованица, почнала да се шири по социјалните мрежи, посебно преку ТикТок, пред една година.

Металите спроведуваат струја и нивно вметнување во електрични штекери под напон може да предизвика струен удар, пожар и други оштетувања.

„Знам дека може да ги изгубите прстите, шаката, рацете“, вели Мајкл Клускер, управител на противпожасна станица, за Прес во Јоркшир.

„Исходот од оба е дека некој сериозно ќе биде повреден“.

Амазон се јави со соопштение

Мајката на девојчето опиша дека интервенирала штом слушнала за каков предизвик од Алекса се работи.

„Не, Алекса, не!“, твитна таа.

Но, вели и дека нејзината ќерка е „препаметна за да направи такво непто“.

Амазон во соопштениот за Би-би-си вели дека ја ажурирал Алекса за да спречи таква активност да предлага во иднина.

„Довербата на купувачите е средиште на сè што правиме, а Алекса е дизајнирана да пружи на корисниците точни, релевантни и корисни информации“, стои во нивното соопштение.

„Штом станавме свесни за оваа грешка – презедовме мерки за брзо да ја поправиме“, се додава во соопштението.