Турски фармер со VR технологија го зголемува приносот на млеко од кравите


Изет Кочак, според слична пракса од Русија, одлучил да ја искористи виртуелната реалност за од своите крави да добива повеќе млеко.

Тој од 2018 година се занимава со сточарство во централниот турски регион Аксарај. Има големи амбиции кога станува збро за приносот од млеко од 180 грла крави.

За да ги оствари амбициите, прво почнал на кравите да им пушта класична музика, како повеќето кравари што ги познава. Сега одлучил да воведе VR технологија, и тоа се покажало успешно.

„Се обидуваме да пронајдеме алтернативни начини за зголемување на приносот на млекот, поради поскапувањето на храната и сеното. Слушнав за технологијата со виртуална реалност и се одлучив за тоа. Ги набљудувам кравите 10 дена за да видам дали технологијата функционира. Забележав дека се зголеми квалитетот и приносот на млекото“, вели тој за Агенцијата Анадолија.

Па сега вели дека, во просек, произведувал по 22 литри млеко од крава, а сега по 27 литри.

Затоа, одлучил да нарача уште 10 уреди за вирстуелна реалност.