„Вордпад“ заминува во историјата


 „Мајкрософт“ веќе нема да го надградува „Вордпад“, а следи и целосно отстранување на таа програма од „Виндоус“. Инаку, „Вордпад“ е дел од оперативниот систем уште од верзијата „Виндоус 95“. Наместо „Вордпад“, технолошкиот гигант ќе го препорача „Ворд“ – платена програма којашто отсекогаш била многу побогата со функции и можности. „’Вордпад’ веќе нема да се надградува […]

Половина од големите фирми во Швајцарија биле цел на кибер напад


Цирих – Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска. Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. […]

Четворица астронаути утрово успешно слетаа на Земјата


По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти рано денеска НАСА. „Crew-6“ на вселенското летало Dragon Endeavor на SpaceX слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од МВС. Тој екипаж, кој ја напушти Земјата […]

Хирурзите во Франција „отпечатиле“ нов нос, а потоа го закачиле на раката на пациентката


Хирурзи во Франција ѝ пресадиле нов нос на жена која поради рак останала без дел од лицето. Носот бил претходно „испечатен“ во лабораторија. Имено, носот направен по нарачка е речиси целосно направен во научниот центар, но крвните садови се премали и премногу сложени за 3Д печатење, па научниците најпрво го прикачиле на раката на пациентот […]

(Видео) Индија лансираше ракета која ќе го проучува Сонцето


 По успешното слетување на Месечината, индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето како дел од својата прва соларна мисија. Ракетата остави трага од чад и оган додека научниците аплаудираа, покажа преносот во живо на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO). Речиси 500.000 луѓе го следеа преносот, а илјадници се собраа […]

Германски научници развија фотоволтаичен филм за хаубата на автомобилите


Автомобилите со фотонапонски покриви кои генерираат струја за батерии, постојат веќе подолго време. Институтот „Фраунхофер“ во Фрајбург сега разви фотоволтаичен филм кој може да се постави на хаубата и се надеваат дека ќе го произведуваат масовно. Новина е што фолијата може да биде во која било боја, па практично е незабележлива, изјави за агенцијата ДПА […]

(Фото) „Џејмс Веб“ направи неверојатна фотографија од галаксијата Вител


Галаксијата Вител, позната и како M51, е еден од најпознатите објекти на ноќното небо. Доволно е блиску до нас и има истакната форма, а астрономите аматери со децении ги прават и споделуваат нејзините прекрасни фотографии. Но, никој досега не ја фотографирал толку детално како вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST). Галаксијата го добила своето име по […]

Икс ќе дозволи политичко рекламирање пред изборите во САД


Сан Франциско  – Социјалната мрежа Икс (Х) соопшти дека ќе дозволи политичко рекламирање на кандидати и партии на изборите во САД. Тие велат дека ќе го прошират безбедносниот тим пред претседателските избори во 2024 година. Мрежата Икс неодамна го промени своето име, а претходно беше позната како Твитер.

Хакер со аутизам украде и предвреме објави видеа од „ГТА 6“


Хакерите обично се замислувани како седат на голема работна маса со врвна, скапа технологија на неа. Арион Куртај (18) е сосема спротивно од тоа.  Куртај, кој инаку е лице со аутизам и е дел од хакерската група „Лапсус$“ што предизвика своевиден хаос во видеоиграчкиот свет, кога украде и предвреме објави видеа од сѐ уште необјавената […]

Индија објави фотографии и видеа од јужниот пол на Месечината


Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) објави фотографии и снимки од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако лунарниот модул Chandrayaan-3 успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината минатата недела. Објавата вклучува фотографии и снимки од излегувањето на роверот Прагјан, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и […]

Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција


Вашингтон – Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА. Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и […]

Трамп се врати на платформата X (Твитер) откако 20 минути беше во затвор


Њујорк- Поранешниот американски претседател  Доналд Трамп за првпат по повеќе од две години синоќа пушти објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) , споделувајќи ја својата историска фотографија направена во затворот во Атланта, пренесоа светските агенции. Трамп на објавата со својата затворска фотографија напиша: „Мешање во изборите. Никогаш не се откажувај!“, нудејќи и линк до […]

Американската влада го тужи “Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците


Вашингтон – Американското Министерство за правда соопшти дека поднело тужба против компанијата „Спејс Икс“  (SpaceX) , на Илон Маск, заради дискриминација на бегалците. На конкурсите за работа и избор на вработени од септември 2018 до септември 2022 година, „Спејс Икс“ погрешно наведувал дека може да ангажира само американски граѓани и иматели на „зелени карти“ или […]

Стапуваат во сила нови правила на ЕУ за социјалните мрежи и онлајн платформи


Брисел – Вкупно 19 големи онлајн платформите и пребарувачи од утре ќе мора да се усогласат со новите правила за интерент содржини на ЕУ, затоа што стапува во сила Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, кој има за цел да ги сузбие „нелегалните и штетни дигитални содржини“. Новите правила се однесуваат на социјални мрежи […]

Почна истражувањето на јужниот пол на Месечината


Лунарниот ровер утрово излезе од индиското вселенско летало Чандрајаан-3 за да почне со истражување на површината на Месечината, објави Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО). Чандрајаан-3 вчера слета на неистражениот јужен пол на Месечината, неколку дена по падот на руското вселенско летало Луна-25, со што Индија стана првата земја што го стори тоа. Чандрајаан на хинди […]

Еве зошто вселенските сили се тркаат кон јужниот пол на Месечината


  Индиската вселенска агенција успешно го спушти нејзиното вселенско летало на јужниот пол на Месечината во мисија која ќе ги унапреди вселенските амбиции на Индија и ќе го прошири знаењето за лунарниот воден мраз, потенцијално еден од највредните ресурси на Месечината. Тоа е мисија која се смета за клучна за истражување на Месечината и статусот […]

Нова алатка со вештачка интелигенција на „Мета“ за превод на стотина јазици


Компанијата „Мета платформи“ којашто е поврзана со „Фејсбук“, објави нова алатка со вештачка интелигенција за превод и транскрипција на говор на десетици јазици. Тоа е потенцијална основа за алатки за комуникација во реално време, што ќе ги премостува јазичните бариери. Се работи за „Симлес-М4Т“ (SeamlessM4T) којшто засега поддржува преводи на текст и говор на речиси […]

Поради употреба на кетамин Илон Маск може да го загуби достапот до доверливи информации на Пентагон


Вашингтон- Во Пентагон синоќа беше покренато прашањето за употребата на анестетикот кетамин од страна на Илон Маск, основачот на компаниите Тесла и „Спејс Екс“ и дали поради тоа Министерството за одбрана на САД треба да му го одземе достапот до доверливи информации.  Милијардерот работи со министерството за снабдување на сателитската интернет врска Старлинк за армијата […]

САД: Уметност создадена со ВИ, без удел на човек, не може да биде заштитена со авторски права


Уметничко дело создадено со вештачка интелигенција, без удел на човек, не може да биде заштитено со авторски права, според американските закони, одлучи американскиот Окружен суд на Вашингтон, САД. Само дела направени од човек можат да бидат заштитени со авторски права, смета судијата Берил Хауел. Со тоа се потврди отфрлањето од Канцеларијата за патенти на САД […]

НАСА објави снимка од лет на хеликоптерот „Гениј” на Марс


Хеликоптерот „Гениј” (Ingenuity) изврши уште еден пробен лет и слетување на Марс, а сѐ тоа го сними роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета. „Клучна цел на мисијата ‘Упорност’ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА. […]