На Месечината пронајдена е вода од Сонцето


Нова анализа на прашината од Месечината покажа дека одреден дел од водата на нејзината површина можеби доаѓа од Сонцето. Поточно, дека настанала откако месечевата површина била засипана со водородни јони од соларниот ветар, реагирале со минерални оксиди и се врзале со кислород. Последицата од овој процес се значителни количини вода која би можела да се […]

Рене Реџепи го затвора ресторанот „Нома“ во Копенхаген


Светски познатиот ресторан во Копенхаген, Нома, најави дека ќе ги затвори вратите за посетителите кон крајот на 2024 година. Уште од отворањето пред 20 години, Нома привлекува поестители од целиот свет и е на првото место на сите главни листи за најдобри ресторани во светот. Основачот на Нома, Рене Реџепи, важи за еден од највлијателните […]

Падна стар сателит на НАСА во Беринговото Море


Стар сателит на НАСА падна на Земјата по 38 години. Ова се случи во Беринговото Море во текот на ноќта во неделата, но сѐ уште не е јасно колку од него изгорело во атмосферата. Сателитот беше лансиран во орбитата во 1984 година на вселенскиот шатл Челинџер. Работеше 21 година, но беше во орбитата 38 години. […]

10 јануари во историјата – Почна ерата на нафтената индустрија


  На 10 јануари 1901 година, бушотината кај Спиндлтоп Хил во близина на Бомон, Тексас, произведува огромно исфрлање сурова нафта, прекривајќи го пејзажот од десетици метри и сигнализирајќи го доаѓањето на американската нафтена индустрија. Гејзерот беше откриен на длабочина од над 300 метри, течеше со почетна брзина од приближно 100.000 барели дневно и беа потребни […]

Во село во Јакутија температурата се спуштила до минус 61 Целзиусов степен


Јакутија– Температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија денеска се спушти на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на хидрометеоролошкиот оддел во таа руска република во источен Сибир. Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени. Во главниот град Јакутск е минус 42 степени. 

Велика Британија неуспешно лансира своја ракета во земјината орбита


Англија– Неуспешен беше првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита, поради „аномалија“ за време на летот, јави агенцијата ДПА. По полетувањето од Корнвол, „Боингот 747“ на „Virgin Orbit“ наречен „Козмик Грл“ што ја носеше ракетата, прелета 10,7 километри над Атлантскиот Океан од каде беше лансирана ракетата со девет мали сателити. […]

Принцот Хари за одлуката да објави мемоари


  Принцот Хари изјави дека одлуката да објави мемоари кои ги откриваат несогласувањата во британското кралско семејство се должи на желбата да се раскаже неговата приказна по 38 години „извртување на вистината“. Хари даде интервју за британските мрежи „Си-Би-Ес“ и „Ај-Ти-Ви“ како дел од промоцијата на мемоарите „Spare“, кои пред објавувањето предизвикаа запаливи наслови во […]

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно


 Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат на глобално ниво е причина за половина милион смртни случаи годишно, бидејќи поради недостиг на опрашувачи, светската популација нема пристап до здрава храна, покажува научната студија објавена во списанието „Енваројментал хелт перспективс“. Три четвртини од сите култури бараат опрашување, но популацијата на многу инсекти кои опрашуваат драстично се намалува, при […]

Професорка во САД покажа слика од пророкот Мухамед од 14. век. Потоа ја загуби работата


  Ерика Лопез Пратер, помошен професор на Универзитетот Хамлин во Сент Пол, Минесота, САД, рече дека знаела оти многу муслимани имаат длабоко религиозни верувања кои забрануваат прикажување на пророкот Мухамед. Па, минатиот семестар за час по глобална историја на уметност, таа презеде многу мерки на претпазливост пред да покаже слика од основачот на исламот од […]

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува


Озонската обвивка полека, но забележливо се обновува, и со таа брзина, „озонската дупка“ над Антарктикот, каде што слојот е најтенок, целосно би се пополнил за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Научната проценка која се спроведува на секои четири години покажува дека заштитниот слој се опоравува, повеќе од 35 години по глобалниот договор да не […]

Дознајте како Марс во директно движење од 12 јануари ќе влијае на секој хороскопски знак


Овен Овен од долгогодишниот проблем со кој се соочувавте во однос на вашиот агресивен тон и начин на комуникација, конфликти со членовите на семејството и работи поврзани со финансиите, освен соочувањето со проблеми, сè ќе почне и да се подобрува, но сепак треба да бидете свесни за вашите навики во исхраната и физичкото здравје. Бик […]

Конечно дознавме зошто древниот римски бетон е толку издржлив


Старите Римјани биле мајстори на градежништво и инженерство, познати по своите долготрајни аквадукти. Уште се функционални тие чуда кои се потпираат на основни градежни материјали: пуцолански бетон, спектакуларно издржлив бетон кој во римските структури давал неверојатна издржливост. Дури и денес, по 2.000 години, римскиот пантон стои недопрен и држи рекорд за најголема светска купола од […]

Лошото расположение на таткото влијае на интелектуалниот развој на детето


Таткото кој не е расположен, кој постојано е мрзeлив и не може да ги контролира емоциите, лошо влијае на психолошката состојба на детето, вели науката. Државниот универзитет во Мичиген спроведе ново истражување на оваа тема, а нивните резултати не само што ја нагласуваат важноста на улогата на таткото во животот на детето, туку докажаа и […]

Оваа година ќе владее бројот 7: Проверете што ви носи


Бројот 7, кој владее во 2023 година, поттикнува интуиција, интроспекција и сочувство. Тоа е бројот на духовноста, но и на науката, води кон потрага по подлабоко значење и одговори на важни животни прашања. Тој сака да не наведе да ги анализираме нашите постапки и да не научи дека треба повеќе да се грижиме за соседите, […]

Холандија е најбезбедна земја во Европа- листа на најбезбедни земји за патување во 2023 година


САД– Американската компанија „Беркшир хатавеј травел протекшн“ (Berkshire Hathaway Travel Protection) ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година. Од вкупно 15 држави, 11 се во Европа, а Холандија го има првото место. Неколку фактори придонесуваат за рангирањето, вклучително и резултатите од анкета врз луѓе кои ги посетиле тие места, Глобалниот индекс на […]

Чанта на „Луј Витон” со албанско знаме, часовник на „Франк Мулер” со Скендербег


  Албанија – Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме.   Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.   – Нова чанта на „Луј Вуитон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.   Чантата […]

9 јануари во историјата – Колумбо виде морски крави, а мислеше дека се сирени


  На 9 јануари 1493 година, истражувачот Кристофер Колумбо, пловејќи во близина на она што сега е Доминиканска Република, гледа три „сирени“ – во реалноста морски крави – и ги опиша како „ни половина убави како што се насликани“. Шест месеци претходно, Колумбо (1451-1506) тргна од Шпанија преку Атлантскиот Океан со бродовите „Нина“, „Пинта“ и […]

Украинското куче – херој „Патрон“, покрај медал за заслуги сега доби и анимирана серија


Неверојатниот украински борец во одбрана на Украина од руската инвазија на 24 февруари, кучето Патрон, душкач на мини и експлозиви, на кое му беше врачен медал за посветени услуги од украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега добива анимирана серија – „ Кучето Патрон“, проект кој се спроведува со поддршка на УСАИД и во партнерство со УНИЦЕФ. […]

Секој Холанѓанин поминува над илјада километри годишно со велосипед


Глобална студија открива дека жителите на Холандија се физички најактивни во светот  вежбајќи 12,8 часа неделно. Клучот – дизајнирање на активноста во секојдневниот живот. Просечниот Холанѓанец, според студијата,  поминува околу 1.098 километри годишно со велосипед. Новата глобална студија на Ipsos, спроведена со Светскиот економски форум, ги истражува ставовите кон спортот и генерално открива дека на […]