Кои се најатрактивните автомобили во светот?


Автоиндустријата никогаш немала толку многу производи, но впечатокот е дека меѓу нив нема многу атрактивни автомобили кои будат емоции.

Меѓутоа, меѓу многуте автомобили има и такви кои секогаш фаќаат око, предизвикувајќи восхит и, што е важно, голем интерес кај набљудувачите. Во потрага по најатрактивните автомобили кои најчесто привлекуваат погледи, AutoTrader UK примени научен метод за да ги најде најдобрите, пренесува Кајгана.

Организаторот на студијата на група од 32 луѓе им покажа фотографии од 40 најпопуларни модели на автомобили. Притоа, движењата на очите на испитаниците беа следени со посебен софтвер и се мереше времето потребно за фиксирање на одреден автомобил. Резултатите потоа беа класифицирани и подредени според брзината на фиксирање и должината на времето поминато „на автомобилот“.

 
Porsche секогаш привлекува внимание

Во севкупната конкуренција апсолутен победник е Porsche 911. На набљудувачот му требаа просечно 2,51 секунди да се фиксира на 911 и толку време потроши гледајќи во автомобилот, а конечниот резултат беше 91%. Потоа следат Lexus LC500 и Ferrari F40, на кои набљудувачот брзо се фиксира, но троши малку помалку време гледајќи ги, што беше доволно за резултат од 88%.

Интересно е што на 4-то место е најдобро пласираниот електричен автомобил. Станува збор за Porsche Taycan со резултат од 86%, на кој набљудувачот потрошил дури 5,63 секунди, значително повеќе отколку на другите автомобили.

На 5-то место е најдобро пласираниот „автомобил за секој ден“.Тоа е серијата BMW 3 со оценка од 84%.Во овој сегмент на достапни автомобили понатаму следат Volvo XC40, VW Golf и Hyundai Tucson. Топ 5 го заокружува класата А на Mercedes која се наоѓа на 14-то место во генералниот пласман.

Интересно е што Bugatti Veyron е доста високо на листата, но поновиот Chiron никаде го нема. Истото важи и кога станува збор за автомобили кои често ги гледаме во медиумите, како што се Koenigsegg, Pagani или Rimac Nevera.

Од друга страна, се чини дека малку похрабриот дизајн на масовно произведените „народни“ автомобили се исплатеше. Така високо стигна Hyundai Tucson, но и атрактивната Toyota Yaris. Volkswagen Golf, пак, е приказна сама по себе која е нешто потешка за објаснување.

Целосниот редослед и резултатите од студијата можете да ги најдете ТУКА.