Како собната светлина може негативно да влијае врз расположението?


Вашиот дом е вашето светилиште – а за оние кои работат од дома или поминуваат голем дел од денот во затворен простор, особено е важно на тоа место да се чувствуваат смирено, опуштено, но и енергично и продуктивно. Според д-р Лиланд Стилман, една грешка во уредувањето на домот може да го саботира вашето добро расположение и позитивниот начин на размислување: слабото осветлување.

Се разбира, просторот осветлен со свеќи или светилка може да биде неверојатно смирувачки, но тоа не е најдобриот избор за ментално здравје – всушност, може дури и да доведе до чувство на вознемиреност.

Д-р Стилман објаснува како светлината влијае на вашето расположение, а исто така го посочи и најдобриот начин за осветлување за оптимална состојба на умот.

Како слабата светлина може да доведе до анксиозност

Сината светлина ја бие лош глас, но всушност изложувањето на сина и зелена светлина во текот на денот помага да се регулира вашиот природен циклус на спиење и будење.

Според тоа, синото светло помага во зголемувањето на будноста и дури и може да го подигне вашето расположение. Можеби тоа е причина зошто луѓето имаат тенденција да имаат депресивни чувства за време на зимските месеци, кога изложеноста на светлина е помала.

„Треба да добиете одредена количина светлина во окото за да бидете сигурни дека имате соодветна енергија што доаѓа во вашето тело – за да го стартувате ослободувањето на неутротрансмитери и хормони“, вели д-р Стилман.

Тој вели дека често дознава дека луѓето кои се борат со анксиозност имаат многу нејасно опкружување во текот на денот. Тој се повикува на истражувањето со животни од 2016 година објавено во магазинот Molecular Vision, кое откри дека стаорците изложени на слабо светло во текот на денот покажуваат зголемено аксиозно однесување и неколку индикатори на нерамнотежа кај ХПА оската (ХПА оската е одговорна за ослободување на хормоните).